Актерот Дритон Вејсели, познат како Талат – ликот на рецепционерот од популарната ТВ серија ‘Преспав’, препознатлив и по својата ведрина и исклучителен хумор, денеска се приклучи на кампањата „МојДДВ“ и даде поддршка на мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ.
Вејсели кој е избран за Европеец на годината од страна на Делегацијата на Европската Унија рече дека мерката МојДДВ заслужува целосна поддршка со оглед дека граѓаните добиваат назад дел од парите кои ги трошат, а апликацијата МојДДВ преку која корисниците го остваруваат тоа право е современа, едноставна за користење и брза!
Вејсели кој во моментов работи и на други улоги, ги повика граѓаните да ја користат апликацијата МојДДВ и да си го остварат правото на поврат!