Историчарот Драги Ѓоргиев, докторот сашко кедев и писателот и професор Венко Андоновски,поранешната кандидатка за претседател на Македонија Мируше Хоџа се дел од 24-те предлози за редовни и дописни членови на македонската академија на науки и уметности.
Предлозите се поднесени од одделенијата на МАНУ, од сенати на универзитетите, од наставно-научни совети на факултетите и од совети на научните установи.
Предлогот за промена на статусот на член на ману надвор од работниот состав во статус редовен член на академијата се однесува на Димитар Ефремов од одделението за медицински науки.
