Нашиот познат музички новинар и водител Драган Б. Костиќ кој со својата “Кавервил” го врати радиото во нашите домови, се приклучи на тимот МојДДВ.
Драган Б.Костиќ изрази задоволство од лесниот начин на употреба на апликацијата МојДДВ и смета дека оваа мерка е за поздравување.
“Штедиме и додека трошиме”, рече Драган Б. Костиќ и додаде дека секој граѓанин треба да ја искористи оваа можност да оствари право на поврат од ДДВ.
Податоци заклучно 28.08.2019
✅Скенирани – 14,270,013 фискални сметки
✅Промет – 7,317,688,354 денари
✅Вкупен ДДВ – 796,194,415 денари
✅Поврат 15 % од ДДВ – 119,429,162 денари
Скенирајте ги фискалните сметки и вратете 15 % од пресметаниот ДДВ на вашите транскциски сметки.
МојДДВ придонесува и за намалувањето на сивата економија.
Факти:
✅Од 01.07. 2019 до 29. 08 . 2019 на линијата 198 се регистрирани 342 јавувања за неиздавање фискални сметки
✅Од 01.07.2018 до 29.08.2018 на линијата 198 се регистрирани 162 јавувања за неиздавање на фискални сметки