Порталот Досие пренесува дека бил извршен претрес во затворската соба во истражниот затвор во Шутка во која е сместен Сашо Мијалков и бил пронајден мобилен телефон. За ова затворот ќе го извести надлежниот судија.
Ова е втор пат во неговата соба да биде пронајден мобилен телефон. Првиот пат кога беше приведн од хотелот Мериот каде неофицијално бил на состанок со одметнатите пратеници од ВМРО -ДПМНЕ при претрес му беа пронајдени два мобилни телефони.
