Донесени препораки за антикорупциската едукација на учениците

Владата на Република Северна Македонија ја донесе Информацијата за активностите во насока на имплементација на клучните мерки под димензијата Антикорупција од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020, и го задолжи Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието со писмен допис и оваа учебна година да ги извести сите основни училишта за потребата од планирање на антикорупциски содржини во своите годишни програми.

Согласно дописот, се очекува во учебната 2019/2020 година училиштата да ги реализираат планираните активности од нивните годишни програми за работа кои се однесуваат на активности поврзани со антикорупциската едукација на учениците.

На денешната седница, Владата на Република Северна Македонија донесе Предлог – одлуки за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан и за учество во мировната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e