Горан Милески од ЛДП и Маја Морачанин од ДОМ се гости вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21.
На почетокот од дебатниот магазин, двајцата коментираа за случајот „Мијалков“.
„Опозицијата го користи овој момент со Мијалков да поднесе интерпелација, и тоа е легитимно право. Бегството на Мијалков создаде голем револт и огорченост, затоа што сите сме желни за правда. Добро е што Мијалков е тука, но одговорност мора да има“, рече Морачанин.
Милески имаше друго мислење:
„Жал ми е што овие криминални банди успеаја да го срушат СЈО. Наместо криминалците да завршат во затвор, СЈО завршија. Се чудиме како избега Мијалков на полицијата која тој ја вработи. Ги знаел сите канали. Вината не е во Спасовски, туку во системот“, рече Милески.
На прашање од модераторот Цветкоски, дали двете партии ќе ја поддржат интерпелацијата за Оливер Спасовски најавен од опозицијата, тие одговорија дека актуелниот министер за внатрешни работи заслужува поддршка.
„Не, ДОМ нема да гласа за интерпелација на Спасовски“, рече Морачанин.
„Спасовски ја има поддршката од ЛДП“, изјави Милески.
Повеќе детали на оваа тема за ставот на Морачанин и Милески низ следното видео: