И покрај негирањата, документите кои ги поседува „А1он“ покажуваат дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски бил осуден за сторени кривични дела во Германија.
Документите се напишани на германски јазик, и покажуваат дека Основниот суд во Ахен донел пресуда во 2004/2005 година дека Милошоски сторил дело, кое во тамошниот правен систем е заведено како „добивање придобивки“. Документите содржат и број под кој се водел предметот, како и датум на пресуда, пишува А1он.
„Опис на прекршокот: Добивање придобивки. Применета регулатива: STGB 265A ABS. 1 (добивање придобивки со измама) в.в. 248 А. (кражба и злоупотреба од мала вредност). 20 дневни глоби со парична казна од 20,00 евра“, стои во описот на документот напишан на германски јазик.
Документот и целиот текст на А1он.