Договорот за решавање на името, во собранието, ќе се гласа со европско знаменце , што значи прво ќе треба да го помине филтерот на Комисијата за европски прашања.
Владата денеска го усвои Предлог-законот за Договорот за името со Грција и соопшти дека веднаш ќе го испрати на ратификација во Парламентот.
Со оглед дека Предлог-законот го има европското знаменце, наместо во Комисијата за надворешна политика која што ја води Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се разгледува во Комисијата за европски прашања, чиј претседател е Артан Груби од ДУИ.
Расправата во собраниската комисија ќе трае најмногу три дена, со одредени ограничувања на дискусијата, по што договорот со евентуално поднесените амандмани би се нашол на пленарна собраниска седница.