Во насока на успешна имплементација на новата верзија од меѓународниот стандард ИСО 9001:2015, Министерството за внатрешни работи – Единица за управување со квалитет спроведе обука за 56 раководни работници од организациските единици за потребите на Министерството.
Обуката е реализирана во Центарот за обука, a во среда 15 ноември 2017 година во 11:00 часот во просториите на Министерството, на учесниците на обуката им беа врачени сертификати за завршена обука согласно барањата на стандардот МКС EN ISO 9001: 2015 – Систем за менаџмент со квалитет и барањата на стандардот МКС ISO 31000: 2014 – Принципи и насоки за управување со ризик.