Доцни тендерот за превоз на ученици во Битола

Пропадна обидот на Општина Битола и градоначалникот Владимир Талески тендерот за школски превоз наместо локалната власт да го распише средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“. Училишниот одбор не ја прифати понудата, па како што тврди опозицијат, а ќе се бара тендерот да го распише друго училиште.

Според опозицијата, тендерот за бесплатниот школски превоз треба да го преземе Министерството за образование, поради случајот „Транспортер“ во кој градоначалникот на Битола, и уште 22 други лица, меѓу кои и директори на училишта, се осомничени за криминал со превозот тежок 360.000 евра.

Според Наташа Петровска, советник на СДСМ, на крајот на месец октомври истекува договорот со превозниците, а со тоа што се уште нема нов тендер учениците може да останат без превоз.

– Останува да видиме како ќе ги изведат сето тоа. И во понеделник да го распишат тендерот никој не гарантира дека навреме ќе се обезбеди превозот. Тогаш учениците ќе навлезат во еден вакум простор. Тендерот за превоз требаше да биде почнат далеку порано и требаше да оди преку Министерството за образование заради сензитивните околности, но за жал се остави се да течи вака со пртисок врз директорите и притисок врз наставниците – обвини Петровска.

Соња Карапашовска, советник од ВМРО-ДПМНЕ смета дека заради економичност тендерот за бесплатниот школки превоз ќе го распише едно од училиштата.

– Општината може да ја делигира таа надлежност на било кое од училиштата и да се избере начин како тоа поекономично да се направи – вели Карапашовска.

Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e