Доцна вечерва се одржа средба помеѓу претседателот Иванов, премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Средбата беше во кабинетот на претседателот и се одржа по барање на претседателот – дознава тв 24.
Се разговарало за актуелните случувања, но и за решение за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. Според информациите, целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси, а присутните ја оставиле можноста разговорите ги продолжат и во иднина.