Директорот за ЗОО Скопје: Панки не е во Скопје, го очекуваме деновиве да се врати жив здрав од Германија

Директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски демантираше дека пејачот на „Куку Леле”, Сашо Каимовски, познат како „Панки” е вратен Скопје.

Тој вчеравечер сподели заедничка фотографија со познатиот пејач и внесе забуна во јавноста дека тој е вратен во градот.

„Бев вчера во Дион. Ама не бев со Панки. Како ме забележале некои портали стварно не знам. Само би им порачал пред да објават инфо да проверат дали е точен податокот. Воедно да размислат дека човекот има семејство и дека му прават стресови. Сликата е од лани и ја ставив бидејќи Сашо ни е другар и ни фали. Се уште е во Германија и го очекуваме деновиве да се врати жив здрав во Скопје“, напиша Галетановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e