Директорот на МЕР: Изводлива е целосна гасификација за две години

За две години Македонија може да се гасифицира, доколку општините работат на процесот паралелно со Македонски енергетски ресурси, вели директорот на МЕР, Благојче Котески во интервју за МИА.

– МЕР го развива транспортот и го носи гасот до главната регулациска станица во градовите, а оттаму самите општини ќе треба да преземат иницијатива, да ја средат потребната документација и да овозможат структура која ќе ја врши дистрибуцијата во градската средина. Ако овие две активности се вршат паралелно, значи додека ја градиме националната мрежа, а општините го почнат својот дел, кој за нив стартуваше од 18-ти декември, ќе имаме ситуација во која ќе бидеме благопријатно изненадени од брзината на гасификацијата на државата, вели тој.

Во Македонија досега се гасифицирани само Струмица и Куманово, а во Скопје, тој посочува, иако има гас 20 години, поради одредени профитерски интереси, диструбуцијата за гасификацијата не е направена.

Крива Паланка пак, не е гасифицирана и покрај тоа што до неа поминува главниот гасовод веќе 20 години.

Котевски потенцира дека е донесен гас до блок станица Штип и оти до јануари 2020 година треба да се стаса до Битола, а во тој период ќе може да бидат гасифицирани и Прилеп, Неготино и Кавадарци.

Активностите на првото градилиште Блок станица 5 до Неготино, се при крај и се реализирани 84-85 проценти. Предвидениот рок, средината на декември, како што вели е надминат, а како проблем ги наведува експропријацијата, но како што вели и пристапот на претходната власт кон МЕР.

За второто градилиште на потегот од Неготино до Битола, во должина од 40 километри, во периодов додека нема градежни активнисти на терен се подготвува документацијата за решавање на имотно-правните односи за, како што посочува, подготвени да влезат во градежната сезона. За третото градилиште ЛОТ 5, од Скопје кон Гостивар со крак за Тетово, од изведувачите е побарано да достават документација за да може да се решавааат имотно-правните односи за овој потег.

– Спорните места во однос на самиот проект ќе се решаваат паралелно со градбата на планираните 45 километри, за да можеме во 2019 година да влеземе со решени имотно-правни односи и чиста ситуација на терен и таа година да ни биде исклучиво за градба, вели Котевски и додава дека следната година освен имотно-правни односи ќе треба да се решаваат и недостатоци во однос на проектната документација која ја затекнале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e