Директорот на АХВ, Бабовски одржа состанок со словачкиот амбасадор Маркуш

Продолжување и унапредување на десетгодишната соработката на полето на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, развој на трговијата со стоки и услуги и размена на експертски мислења и искуства, договорија на денешната прва работна средба директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски и амбасадорот на Словачката Република, Хенрик Маркуш.

Како што соопшти АХВ, на состанокот се дискутираше за тековната и потенцијалната соработка меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и Државната администрација за ветеринарство и безбедност на храната на Словачка Република, на полето на ветеринарството, особено состојбата со болестите кај животните во двете држави.

Директорот Бабовски истакна дека е уверен дека воспоставена соработка меѓу Словачка и Македонија и институциите одговорни за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните во наредниот период ќе се интензивира. Најмногу преку размена на искуства, одржување на обуки и унапредување на трговијата.

За ова, амбасадорот Маркуш изрази подготвеност лично да се заложи и да посредува, за побрза и поинтензивна комуникација и соработка меѓу двете земји и институции, која поради пандемијата со корона вирусот, во целиот свет е отежната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e