Дипломатите на ЕУ, ОБСЕ и Уницеф во земјава ќе избегнуваат хотели што немаат пристап за лица со попреченост

Мисиите на ЕУ и ОБСЕ и канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава нема да организираат и одржуваат настани во хотели кои немаат целосен пристап за лица со попреченост. Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс на социјалните мрежи објави дека за ова се договориле заедно со евроамбасдорот Самуел Жбогар и шефот на мисијата на ОБСЕ Клеменс Која.

„Ќе ги информираме хотелите за ова со барање пристапот да биде проширен“, вели Перкс во објавата.

Како мултинационални агенции, секоја година поддржуваме значителен број настани. Гледаме дека некои хотели и места прават подобрување во оваа смисла, но многу од нив сѐ уште немаат соодветен пристап до конференциските сали за луѓе што користат количка и немаат пристапни тоалети- Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Скопје

Од Канцеларијата на УНИЦЕФ велат дека, всушност, идејата е при изборот на хотели каде ќе ги организираат настаните објектот да има целосен пристап за лица со попреченост, не само надворешно со пристапни рампи, туку и внатре.

Целиот текст прочитајте го на СДК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e