Ловецот на мигранти од Бугарија, Динко Валев, на македонските власти им постави ултиматум, пишуваат бугарските медиуми.
„Им давам на Македонија и на властите точно една недела да го уапсат нивниот државјанин Миленко Неделковски за вандалскиот чин кој го изврши! Премногу внимание веќе му обративме и тој се сили уште повеќе. Секој ден пушта нови провокаторски видеа за Бугарија“, рекол Динко, пренесува Фактор.
Конфликтот меѓу Миленко Неделковски и бугарскиот ловец на мигранти Динко избувна откако Миленко со чекан ја скрши спомен плочата на загинатите бугарски воини на врв Кајмакчалан.
– Ако не биде уапсен за хулиганскиот настан, јас ќе го направам тоа за смеа. Во лице ќе му кажам дека е жена. Ќе го снимам сето тоа и ќе го ширам. Ако не е жена, да ми докаже. Ако посегне да ме тепа, тоа ќе е неговата најголема грешка во животот. Овој човек Миленко подгрева омраза меѓу две соседни земји. Тој е штетен за општеството, а јас сум опериран од страв во такви ситуации. Ако ме пикнат во притвор – ќе лежам за Бугарија! И ќе вреди! А Бугарија нема да ме остави, во тоа сум сигурен – категоричен е Динко.
Валев веќе ја порачал плочата и ќе плати за неа од свој џеб.
За поврзани вести продолжете надолу