Пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ, Илија Димовски најавува иницијатива пред Уставниот суд доколку претседателот Ѓорге Иванов не го потпише указот за Законот за употреба за јазиците и ако пратениците го изгласаат овој Закон кога повторно би се вратил на седница.
Тој на својот Фејсбук профил го повика Иванов да не го потпишува исказот и пратениците да не го гласаат овој закон кога тој повторно ќе се врати на седница во Собрание.
„Доколку и покрај укажувањата на целокупната јавност пратениците на СДСМ повторно одлучат да гласаат за овој закон, најавувам дека ќе поведам иницијатива пред Уставниот суд на Република Македонија за поништување на овој закон“, напиша Димовски.
Законот за употреба на јазиците пред два дена беше изгласан во Собранието.