Пратениците полека се собираат во пленарната сала на Собранието каде треба да започне седницата за гласање на потребата за уставни измени.
Повеќето од пратениците од владејачкото мнозинство веќе се во салата, а од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пристигнати се Илија Димовски, Драган Данев и Даниела Рангелова.
Во собранието се и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Седницата беше закажана во 21 часот.