Адвокатот Војо Димоски на социјалните мрежи упати критики за набавката на државен авион за Македонија, истакнувајќи дека во земја со ограничен економски развој и високи задолжувања, единствената логична причина за авион би била личната корист на функционерите, а не јавниот интерес.
„Безмалку 24 часа се трудам да разберам зошто ѝ е потребен државен авион на една мала и презадолжена балканска земја, без економски развој и со урнисани перспективи за интеграција во друштвото на нормалните држави.
Единствената причина која се чини логична е дека авионот им е потребен на државните функционери да лечат комплекси летајќи на релација Скопје – Охрид како досега. Небаре малку комплекси лечат со досега ограбените народни пари.
Телетабиленд“, вели Војо Димоски. објави Скопје1.мк
