Димковски: На советниците за земјоделство на Трипуновски партијата им даде еден куп субвенции

„Кога политичка партија ќе предложи човек со пријава за кривично дело за злоупотреба на службена положба и овластување за технички дополнителен министер, тоа значи дека се ослободува од него и го пушта низ вода. Но штетата е поголема бидејќи тој нема да замине сам туку ќе повлече и други кои се околу него, пишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на својот ФБ профил.

Исто така, тој констатира дека ВМРО-ДПМНЕ која влезе во техничката влада понудила советници кои биле привилегирани со субвенции.

„ОЧАЈНА-ДПМНЕ ги извади од нафталин советниците за земјоделство, излезе со листа на земјоделци кои ќе го советуваат Цветан, на кои истата партија им даде субвенционирана земјоделска механизација со 90% народни пари, еден куп пари за субвенции и привилегии. Сега они ке солат памет pro bono“, пишува Димковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e