Повеќе од јасно беше дека опозциијата, односно ВМРО-ДПМНЕ застана зад организацијата на протестите на земјоделците, дури подоцна излегоа и со соопштение. Не беше истата ситуација како со лозарите кога јас отидов на протестот и разговаравме за нивните потреби. Со субвенции покриваме 80 отсто од производствените процеси за лозарите, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
-За исплата на субвенциите разговаравме со земјдоделците, со ребалансот ќе се издвојат 15 милиони евра. Со издвојување на овие средства исплатени се грозјето, градинарските култури, млинарите. Исто така денеска се исплатени и 500 илјади евра за сточарите. Државата финансира лозови насади 1 хектар 40 000 денари минатата година беше денар, оваа година ќе биде повеќе од лани односно 2 денари, вели Димковски.
Во однос на проблемот со наводнувањето и неисполнетите ветувања, Димковски вели дека во 2015 година се направила голема штета со водостопанство во однос на наводнувањето за лозјето.
-За 2 години ние не можеме целосно да ја средиме направената штета. Преземаме мерки, наводнувањето ќе оди преку министерството за земјоделство, а не преку водостопанство, вели Димковски.
Во однос на цената за грозјето и незадоволството за истата од страна на лозарите, Димковски вели дека таа зависи од квалитетот на грозјето.
-Цената не е само 9 денари туку оди и до 29 денари. На протестите во Росоман разговаравме за ова. Се зависи од квалитето, вели Димковски.