Димитровски: Големите партии се плашат од една изборна единица, потешко ќе се прават коалициите

Ние како Демократски сојуз го поддржуваме концептот на една изборна единица. Се лиферуваат одредени бројки дека ако имало една изборна единица СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе изгубеле по 2 пратеници, а ДУИ 1. Во суштина најголемите 2 партии ќе изгубат по 15 пратеници. И тие се плашат од 1 изборна единица, па дури и СДСМ иако јавно вели дека го поддржува овој изборен модел, изјави генералниот секретар на Демократски Сојуз, Зоран Димитровски.

-Стравот кај големите партии од една изборна единица постои. Мислам дека и СДСМ се плаши од 1 изборна единица, бидејќи таа коалиција која ја има сега ќе биде потешко да се реализираат, поголема преставеност има во парламентот кога има 1 изборна единица, и нема да се губат гласови, вели Димитровски додавајќи дека сепак потребен е прво попис во државата, па потоа да се размислува за изборниот модел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e