Димитров во Брисел на средба со сојузниците од НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата кој претставува последна подготовка за лидерската средба на Североатланскиот пакт што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември.

Димитров учествува на состанокот на покана на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Државава моментно има статус на „поканета” земја за членство во НАТО активно ќе учествува во разговорите на сојузниците од Алијансата за комплексните стратешки прашања.

Според најавите, Димитров ќе ја реафирмира нашата посветеност и поддршка на клучните политики на НАТО, како идна земја членка, по прашањата од исклучително значење за Алијансата: праведната распределба на финансискиот товар, борбата против тероризмот, адаптирањето на НАТО политиките и стратегиите кон променливата безбедносна околина, контрибуцијата во меѓународните операции, справувањето со неконвенционалните безбедносни закани и други прашања од заеднички интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e