Димитров: Ве молам, немојте да патувате, сосема е неизвесно кога ќе можете да се вратите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес конференција во владата вечерва упати апел до граѓаните.

„Ве молам, немојте да патувате, сосема е неизвесно кога ќе можете да се вратите“, рече Димитров.

Тој упати апел и до граѓаните што имаат регулиран престој во друга држава да не се враќаат во Македонија.

Тој кажа дека вечерва организирале група од 200 граѓани што биле заглавени, да дојдат преку Романија и Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e