Вицепремиерот задолжен за евроинтеграциите Никола Димитров во гостувањето на ТВ21 вечерва рече дека земјата по денешните случувања во Собранието треба да продолжи на патот на евроинтегративниот процес.
„Имавме локални избори, и ги претворивме во политичко-парламентарна криза. Тука видоа шанса опозициските партии, и една многу шарена да кажам коалиција. Мене шарената ми е за убави работи, а сега се здружија за да срушат нешто. Таа различност доведе до тоа, но ситуацијата не излезе така како што планираа. Според зборовите на пратеникот Реџепи, шансата за европските интеграции била главната причина затоа што се откажал, и дека имал контакти со дипломати. Ќе биде убаво следниот период да се фокусираме кон градењето, а не кон рушењето. Имаме пандемија, ситуацијата во регионот е загрижувачка, и мислам дека треба решителни одлуки“, рече Димитров.