Димитров на трибина во Охрид: Во недела со глас за број 3 да покажеме дека сме цврсто решени да продолжиме „Заедно напред“

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на синоќешната трибина во охрод ги повика граѓаните на 5 мај преку глас за број три да го потврдат европскиот курс на државата и да си обезбедат иднина во ЕУ и НАТО.

– Да излеземе и да покажеме дека цврсто сме решени да ги фатиме уздите! Мора да не биде, мора да ја биде државата, не сме ние ништо понеспособни од другите народи и ние заслужуваме да бидеме полношравен член на ЕУ и НАТО бидејќи таму навистина припаѓаме.

Зборувајќи за процесот на евроинтеграциите министерот Димитров истакна дека брзината со која се движиме кон ЕУ и НАТО гарантира дека наскоро и формално стануваме членка на НАТО, а веќе годинава ги започнуваме преговорите со ЕУ.

– Порано бевме далеку како од Охрид до Скопје, сега како од тука до пристаниште. Затоа да не застануваме туку да продолжиме заедно напред, преку масовна излезеност и масовна поддршка за бројот три и Стево пендаровски, повика Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e