Димитров: Мораме да најдеме формула со Албанија да бидеме подеднакво среќни, а не подеднакво несреќни

Закон за Јавно обвинителство како псоелдна не завршена работа, која во извештајот во јуни не постоеше треба да се донесе со дво-третинско мнозинство, но кај опозицијата нема желба за тоа, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров на Комисијата за европски прашања.

„Кога ЕУ имаше политика за проширување, ние градевме споменици, немаше подготвеност кај нас за проширување. Сега, кога ние сме целосно подготвени и покрај сите наши грешки кои ги има, Европската Унија не е целосно подготвена. Франција низ изјавите на претседателот Емануел Макрон, министерката за надворешни работи и амбасадорот Кристијан Тимоние ја сппоменува важноста на Западен Балкан во ЕУ. Повеќето земји преговараа 4 до 6 години, Хрватска и Бугарија преговараа осум години за влез. Ние ќе се обидеме поглавјата да ги затвараме побрзо“, рече Димитров.

Тој кажа дека голем предизвик е и кандидатурата на Северна Македонија и Албанија заедно, но мора да се најде начин да се изнесе формула за да бидеме подеднакво среќни, а не подеднакво несреќни.

„Имаме неколку месеци пред нас, убеден сум дека ќе ги намалиме грижите на Франција и ќе победиме и ние и Албанија и Франција“, заврши Димитров.

Фото: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e