Димитров: Ако се допре во јазикот и идентитетот решение нема

Процесот што го помага медијаторот Нимиц е важен за изнаоѓање на достоинствен начин за решавање на спорот, во кој двете страни ќе бидат почитувани, за што постои волја од страна на Македонија, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Димитров меѓутоа потенцира дека ако се допре идентитетот тогаш нема решение.

Шефот на македонската дипломатија, одговарајќи на новинарско прашање – дали би се преговарало за јазикот и за идентитетот, одговори дека ако овие прашање треба да се отворат, решение со Грција за проблемот нема да се постигне.

„Апсолутно не, не може да биде предмет на преговори, бидејќи не е предмет на одлука. Ако дојдеме до таа точка, до идентитетот, нема да има решение. Но жално ќе биде ако две европски држави ова не го препознаат“, потенцира Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e