Според податоците од Државната изборна комисија поставени на веб страницата, излезноста на денешните претседателски избори на ниво на државата до 13 часот во е 19.98 отсто.
Од вкупно 1.808.131 гласачи запишани во избирачкиот список гласале 340.304 до 13 часот.
Обработени се 94,61% од гласовите или 1.710.585 гласови односно 3.256 гласачки места.
Најголема излезност има во Прилеп 35,2%, Новаци 33,12, Свети Николе 31,10, Неготино 21,02 проценти, Пробиштип 30,62 проценти, Ранковце 30,63 проценти, Демир Капија 32,75 проценти, Кратво и Вевчани.
Најмала излезност има во Липково 5,43 проценти, Желлино 6,62 проценти, Врапчиште 7,5 проценти.
