57-годишен кумановец синоќа загина во вооружена пресметка во Куманово.
На инцидентот му претходела расправија помеѓу 11 лица од две различни семејства, по што недоразбирањето преминало во оружена пресметка.
Инцидентот се случил на улицата „Тоде Мендол”.
Убиениот со тешки повреди бил пренесен во клиничкиот центар во Скопје, каде што им подлегнал на повредите.
Во физичката пресметка меѓу двете страни се повредени уште неколку лица, од кои еден е ранет со студено оружје.. престрелката, според јавното обвинителство, била ескалација на повеќемесечно нетрпение меѓу две семејства.
Досега се приведени деветмина учесници во вооружената престрелка.
