Јован Деспотовски од СДСМ во емисијата 24 анализа на ТВ Телма рече дека од петокот имаме изменета ситуација и темата веќе не е оставката на Заев. Во четврток ќе имаме финале на целата ситуација од која има две сценарија.
– Едното е да имаме влада со целосен политички капацитет да се справува со кризата и второто да влеземе во фаза на политичка нестабилност која дополнително ќе се рефлектира и ќе ги закомплицира околностите поврзани со економијата и енергетиката. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не кажа ниту еден збор со плановите, зборуваше само за сопствените. Во четврток ќе имаме решение или влез во друго сценарио со неизвесност. – рече Деспотовски.
