Дескоска: Времето на тефтерчиња и судии од тефтерчиња заврши

Времето на тефтерчиња и судии од тефтерчиња заврши, изјави денеска по преземањето на функцијата министерка за правда Рената Дескоска, за писмото од поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во кое се обраќа за повреда на нејзините права во судењето за предмет на СЈО.

„Мојата заложба ќе биде судството да го направиме независно и немам намера да се мешам. Сакам да порачам не само на госпоѓата Јанкуловска, туку и на сите кои што имаат постапки пред судовите, дали во улога на обвинети или странки во други постапки, дека времето на тефтерчиња и судии од тефтерчиња заврши. Мојата заложба ќе биде судството да го направиме независно и немам намера да се мешам, ниту во диктирање на водење на постапки во судовите, ниту пак какви судски одлуки ќе носат судиите“- рече Дескоска.

Секој граѓанин, вели таа, без оглед во која улога бил или се наоѓа во моментот, треба да биде свесен дека судството е власт, која што е независна од извршната власт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e