Дескоска: Сметаме дека треба да има ефикасна правда за сите, без оглед на која политичка гарнитура припаѓаат

Во ситуацијата во која се наоѓаме постои пожар, како што за жал постоеше вчера во велешко, каде што видовме како нашите храбри пожарникари, граѓани со здружени сили успеаја да го изгаснат тој пожар.

Неказнивоста е огнот кој пламти, а кој вие имате моќ да и ставите крај.

Се надевам дека сите вие ќе смогнете сили да стиснете зелено копче за да го изгаснете пожарот во којшто се наоѓаме повеќе години, а тоа ќе значи продолжување на постапките на СЈО во кои гледаме дека имаме индиции и обвиненија за сериозен криминал направен од претходната власт.

Сметаме дека треба да има ефикасна правда за сите, без оглед на која политичка гарнитура припаѓаат, без оглед дали се политичари, или не. – напиша на својот Фб профил Министерката за правда Рената Дескоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e