Дескоска: Колку повеќе се придржуваме кон мерките, толку побрзо ќе ја пребродиме кризата

Министерката за правда Рената Дескоска на прес-конференција уште еднаш повтори дека вонредната состојба не значи ништо поразлично од пред воведувањето на оваа состојба.

„Поминавме една ноќ во вонредна состојба, не беше ништо поразлично од она што беше воведено претходно. Она што е различно од вчера е можноста на Владата да носи уредби со законска сила. Одлуката со која се утврди вонредната состојба има важност 30 дена, ситуацијата ако се смири, вонредната состојба може да се укине, а може да се продолжи доколку ситуацијата се влоши.

Нашата заедничка заложба е ограничувањето на правата да биде минимално и само нужно. Колку ние повеќе се придржуваме на мерките изречени до сега, толку побрзо ќе ја пребродиме оваа криза, и нема да требаат нови мерки. Затоа апелирам да ги почитуваме мерките и препораките на министерството за здравство и Владата, за да нема потреба од построги ограничувања.

Самото прогласување на вонредна состојба, не значи забрана на движење, не значи ограничување. Исто беше како пред воведување, само што владата доби поголеми надлежности за справување со оваа криза. Беше потребно да добиеме можност за ефикасно регулирање на прашањата, за да се справиме поефикасно со епидемијата, но исто така да се помогне на економскиот живот на државата.

Уште еднаш да кажам дека ова беше најтешката одлука за мене лично, но верувајте дека ова беше за доброто на сите граѓани и уште еднаш ќе кажам, што повеќе се придржуваме кон препораките, толку побрзо ќе ја пребродиме оваа криза“, изјави Дескоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e