Деновиве посвежо време, од четврток дожд!

Претпладне на истокот сончево, а кон запад со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а на крајниот запад ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Попладне на север краткотрајно ќе засилува северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а дневната од 28 до 36 степени. УВ=7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно попладне ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 33 степени.

До четврток ќе биде претежно стабилно и суво. Од петок ќе има зголемена облачност, повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.

Прогноза за 04.09.2019
Минимална температура: 8°C до 18°C
Максимална температура: 26°С до 34°C
Сончево со умерена облачност, а долж Повардарието со повремено засилен северен ветер. УВ=7

Прогноза за 05.09.2019
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 25°C до 33°C
Сончево со умерена облачност. Попладне во планинските региони со краткотрајна нестабилност, со пороен дожд и грмежи. УВ=6

Прогноза за 06.09.2019
Минимална температура: 8°C до 18°C
Максимална температура: 25°C до 32°C
Умерена до значително облачно со сончеви периоди, попладне и особено во јужните и источните делови со локален пороен дожд. УВ=7

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e