Денеска во Собрание на Република Македонија ќе заврши расправата и најверојатно ќе се пристапи кон гласање за отворање на уставни измени заради спроведување на обврски од Договорот од Преспа.
По вчерашното откажување на пратениците од ВМРО ДПМНЕ од дискусиите, останаа уште неколкумина од владејачката коалиција пријавени на листата за дискутанти.
Премиерот Заев изјави дека длабоко во себе верува дека пратениците ќе смогнат сили и ќе го направат овој значаен чекор за Македонија и иднината на сите граѓани.
За да се прифати иницијативата за уставни измени, потребно е двотретинско мнозинство, односно за неа да гласаат 80 пратеници.
