Денеска сончево и топло време, утре дожд

Времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал -6 до 1, а максималната од 11 до 18 степени.

Во Скопје, претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Под влијание на нов влажен и студен бран од сабота попладне ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег, каде ќе се формира снежна покривка. Врнежите ќе бидат пообилни во недела, кога ќе дува засилен североисточен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e