Денеска со повеќе сончеви периоди, но ќе дува и ветер

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, на североистокот значително облачно. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утринските температури се движат од минус 7 до 3, а дневните соодветно ќе бидат во интервалот од 4 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до 10-от степен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e