Голема граѓанска прослава по повод поканата за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО за денеска е најавена во 15 градови во земјава во организација на Владата на Република Македонија.
– Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската Унија… Се изборивме за сигурна иднина… Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост… Време на сигурност и безбедност“, се вели во објавената програма на веб-страната на Владата на Република Македонија.
За прославата ангажирани се околу 40 македонски музички ѕвезди, а средсдствата за целиот настан ќе бидат обезбедени од владиниот буџет.
По повод поканата за пристапни преговори за членство во НАТО денеска ќе се слави во Скопје, Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Охрид, Куманово, Кочани, Кичево, Прилеп, Струга, Струмица, Тетово и Штип. Изборот на градовите е направен согласно рамномерната географска застапеност, велат од Владата.
Во дел од градовите предвидено е прославата ќе почне од 18 часот и 20 часот, а во останатите од 21 часот.
Скопје, почеток во 21:00 часот со: Кирил Џајковски, Архангел, Quepurdat
Битола, почеток во 21:00 часот со: Дејан Декс, Flooder, Дуке Бојаџиев, Горан Кан.
Велес, почеток во 21:00 часот со: Ферус Мустафов, Слаткар
Гевгелија, почеток во 21:00 часот со: Бени Нон Стоп + Златко Ориѓански, Ерик Фокс
Гостивар, почеток во 21:00 часот со: Феки Ферис, Ареа
Кавадарци, почеток во 21:00 часот со: Кристина Арнаудова, Нокаут
Кичево, почеток во 21:00 часот со: Адријан Гаџа, Владо Јаневски
Кочани, почеток во 21:00 часот со: Лепи Џони, Баклава, Conquering Lion
Куманово, почеток во 21:00 часот со Мухамед Ибрахими, Шутка Рома Рап, ПМЏ Колектив, Фолтин
Охрид, почеток во 18:00 часот со: Лозано, Исмаил Лумановски
Прилеп, почеток во 20:00 часот со: 5 Плус Бенд
Струга, почеток во 21:00 часот со: Бла бла бла, САФ, Маци Стојановиќ
Струмица, почеток во 21:00 часот со: Чалгија Саунд Систем, Љубојна
Тетово, почеток во 18:00 часот со: Биг Мама, Хај Контрол, Шпат Касапи, Дани Димитровска
Штип, почеток 21:00 часот, со: Елена Ристовска, ДНК