Договори за грант за изградба, надградба или адаптација на установи за згрижување и воспитание на деца со пет општини ќе бидат потпишани денеска во Владата.
Договорите ќе ги потпишат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалниците на општините Ѓорче Петров, Струмица, Ресен, Боговиње и Крива Паланка.