Успехот кој го постигнавме со малите семејни винарии ја одбележа 2022, и за нас беше силен мотив оваа успешна приказна да ја продолжиме. Денес, на винската карта имаме многу нови брендови, нови вкусови, богатство од ароми и комплексни вина произведени од домашно македонско грозје, токму во малите семејни винарии визионерски создадени од мотивирани семејства во чија традиција е производството на вино, дециден е министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој денеска беше во посета на Тиквешки семејни винарии.
-Затоа оваа година ја продолжуваме поддршката од 10.000 евра за малите семејни винарии, но и започнуваме две нови програми, 300.000 денари по корисник за поддршка при набавка на опрема за жесток алкохолен пијалак и 10.000 евра грант за малите производители на храна, вели тој.
Македонските сирења, кашкавали, слатка, ајвар, маџун, ќе добијат шанса да се борат за свое место на пазарот и ќе ја збогатат трговската понуда со многу нови брендови. Искрено очекувам дека токму малите производители ќе ја одбележат 2023 како нова успешна приказна, порача Николовски токму на одбележувањето на Свети Трифун.
