Делегација на СДСМ предводена од Љупчо Николовски положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци во паркот Жена-борец

СДСМ никогаш нема да биде соучесник на бришењето на историјата. За нас ова е ден кога им оддаваме почит и признание на сите кои се заслужни за слободата и независноста на нашата татковина, ообено на оние кои ги дале своите животи за таа цел. За нас, нивното херојство е патоказ кон посветла иднина, а нивните жртви се потсетник колку скапо чини слободата.

Денес од ова место се потсетуваме на славната историја и гледаме напред кон уште пославна иднина. Денес се сеќаваме на оние кои се жртвувале за нашата слобода и истовремено ветуваме дека ќе ги следиме нивните идеали за градење на слободно, демократско и солидарно општество.

Без разлика на сите обиди на девалвирање на тие идеали и на ова место, за нас, ова бил, е и ќе биде парк на жената борец а не парк на Прометеј.

Затоа, во чест на сите борци за независностa на Македонија и за сите нивни синови и ќерки, цвеќето секогаш ќе го положуваме пред овој споменик.

Нека ни е честит денот на независноста. – се вели во соопштението од СДСМ.

14195200_1226615690703114_901995462085898616_o

14310553_1226615670703116_7958240636369700275_o

14290024_1226615680703115_5573833928207023714_o

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e