Двете деца кои синоќа беа оставени и заборавеени во автомобил во Аеродром се пуштени од болница и сместени во згрижувачко семејство. Тие се во стабилна здравствена состојба. Засега не се знае далиќе им биде одземено родителското право и дали ќе има кривична пријава против родителите. Братчето (4) и сестричката (7) се пронајдени во автомобил на паркиралиште во скопската населба Ново Лисиче, од страна на минувачи синоќа околу 22:00 часот. Набрзо била повикана полиција која ги скршила стаклата на колата и децата ги пренесле на детската клиника.
Засега само се знае дека станува збор за разведени родители, а таткото ги оставил заспани во кола за да оди на забава за „Богородица“.