Не постои инстутиција која може да го спроведе ветингот. Треба Судскиот совет комплетно да се распушти, и да се донесат луѓе без багаж и да го направат тоа проветртување во судството. Доколку не можеме да најдеме 10-15 такви луѓе тоа е голем срам за нашата држава и треба да повикаме странци да го регулираат тоа што не можеме сами да го направиме, вели адвокатот Звонко Давидовиќ.
-Сепак сметам дека нашата држава има кадри кои можат тоа да го направат.Партијата стана и мајка и тактко, колевка на напредување и се живо. Има луѓе кои не можат да дојдат на позициите кои треба токму поради партизацијата. Партиите преговараат не само за законите, туку и за кандидатите. Тогаш не можете да се борите за партизирано судство, вели Давидовиќ.