Данев од говорница призна дека Договорот со Грција ги отвора вратите на Македонија кон НАТО и ЕУ

,,Мора да признаеме и отворено да кажеме пред граѓаните на Република Македонија дека Договорот со Грција ги отвора вратите за брз влез на Македонија во НАТО и во догледна иднина во Европска Унија“-рече координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собрание на РМ, Драги Данев.

Но, тој рече дека на референдум договорот е отфрлен од граѓаните и дека пратениците мора да го следат нивниот глас.

Тој ја поздрави иницијативата на премиерот Зоран Заев за национално помирување, но забележа дека ова требало да се случи порано и требало да мислат на тоа во изминатата година и половина.

,Никогаш не е доцна“-рече Данев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e