Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, вчера на прес-конференција остана резервиран на новинарското прашање дали претставниците на најголемата опозициска партија гласале за привременото суспендирање на Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, од Европската народна партија ЕПП.
Мисајловски одговори дека најдобро е да се причека делегацијата да се врати и детално да одговори точно за што се гласало за секое прашање поединечно. Во Брисел на самитот на најголемото политичко семејство во Европа составено од десничарски демохристијански партии се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и пратениците Влатко Ѓорчев и Александар Николовски.
Во речиси анонимно гласање со 180 гласови вчера беше суспендиран Фидес поради авторитарното, евроскептично и анти-имигрантско владеење на Орбан.
Во Будимпешта престојува Никола Груевски, поранешниот македонски премиер, откако доби азил по бегството од двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“.
Извор: Фактор
