Дали Силјановска го брани насилството од 27 април?

Кандидатката на Христијан Мицкоски за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова, ја разочара македонската јавност со тоа што го релативизираше настанот од 27 април.

Имено, откако Судот ги прогласи за виновни, 16-те обвинети за случувањата во Собранието за време на крвавиот четврток, Силјановска-Давкова, која себе си се претставува како борец за правото и правдата, наместо да ја поздрави одлуката со која виновниците ја добија заслужената казна, таа, напротив, го релативизираше настанот и за чудо на сите, пресудите ги нарече, вознемирувачки, а притворите за насилниците за неа се казни а казните биле дрaконски. Па уште ги подучува осудените насилници, Кољо, Нинџа и останатите, правдата да си ја бараат пред домашните и меѓународните институции.

После ваквото однесување на кандидатот на опозицијата се поставува прашањето: Дали Силјановска-Давкова можеби навива осудените насилници да останат неказнети? За какво право се бори кандидатката за претседател на државата? Таа, всушност треба да одговори: Дали смета дека на 27 имало обид за убиство или не?

Од одговорите на овие прашања, ќе стане кристално јасно, дали кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ е продолжена рака на осудениот бегалец, Никола Груевски и неговиот наследник, Христијан Мицкоски.

Колку и да се затскрива, Силјановска-Давкова не може да го смени фактот дека со ваквото однесување, ги повреди чувствата на огромниот број на граѓани кои критичната ноќ со неверување следеа што се`се случуваше во најголемиот храм на демократијата, Парламентот.

Таа, најверојатно не сака да знае како се чувствуваа малолетните деца на Зоран Заев, гледајки во живо како нивниот татко со часови е опколен од група маскирани криминалци и насилници од кои доби безброј удари и се чекаше моментот кога ќе му се случи она најлошото. На кандидатката на Мицковски и Груевски, можеби не и било важно колку пати од тогаш наваму во сон им се појавуваат грозоморните снимки на насилство кај родителите на Дамјан, Љупчо, Радмила, Оливер, Благојче и останатите кои крвнички беа претепани на место каде што мораа да бидат заштитени.

Силјановска-Давкова, во ниту еден момент од изречената пресуда па наваму не смогна сили да им се извини на македонските граѓани, затоа што од судскиот процес се виде дека во позадина на целото ова крваво сценарио стои тогашниот врв на партијата чиј кандидат за претседател е самата таа.

И за крај, Силјановска-Давкова зборува за донесената амнестија за 27 април а намерно или не, заборава да потенцира дека за Законот за амнестија за настаните од 27 април едногласно гласаа сите 95 пратеници присутни во салата на Собранието, вклучувајки ги и од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e