Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски не кажа како гласал по Резолуцијата со која се поддржува отворањето на преговорите на Северна Макеоднија со ЕУ но истовремено ги поддржува ставовите на Република Бугарија.
Оваа Резолуција беше изгласана на 27 конгрес на ЕПП, каде членува и ВМРО ДПМНЕ, а на кој Конгрес присуствуваа и претседателот на партијата Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски.
Од „Белата палата“ изостана соопштение или информација околу самата Резолуција, Центарот за комуникации на партијата лиферуваше соопштенија за тоа што кажале Мицкоси и Николоски на Конгресот, но клучната информација како се изјасниле по Резолуцијата изостана.
Информациите кои во јавноста беа лиферувани од ВМРО ДПМНЕ околу учеството на Мицкоски на Конгресот на ЕПП, беа протоколарни, информираа дека нивниот лидер ќе говорел за „актуелните состојби во Македонија, корупцијата во редовите на Владата, злоупотребите на власта, економското опустошување, како и барањето за предвремени избори“ беше наведено во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Од СДСМ денеска реагираа дека Мицкоски направил национално предавство:„Мицкоски кој беше дел од Конгресот каде се усвои Резолуцијата молчи и неодговора дали ја поддржал Резолуцијата и кој бил неговиот став по однос на тоа прашање.Со немањето став по Резолуцијата, Мицкоски ја поткопа државната позиција во процесот со Бугарија, нанесувајќи штета на националните интереси. Освен да блокира важни процеси, да носи штета врз државата и да брани криминал, Мицкоски нема никаква друга агенда, уште еднаш самиот се потврдува како најнеодговорен политичар“ – велат од владеачката партија.
Од опозицијата нема одговор околу гласањето на Резолуцијата, содржините на соопштенијата и рекациите од ВМРО ДПМНЕ околу Конгресот на ЕПП се сведуваат на познатата реторика на Мицкоски – предвремени избори и како ВМРО ДПМНЕ да дојде на власт.
