Дали Иванов му е кум на сопственикот на „Џевахир“?!

Антикорупциска ќе проверува дали има непотизам или судир на интереси во одлуката на досегашниот претседател Ѓорѓе Иванов да закупи канцеларии во зградите на Џевахир.
Компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија склучиле договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов.

-Договорот е склучен во времетраење од една година и е во сопственост на компанијата Турмак. Според договорот, месечниот закуп за 274 м2 деловен простор изнесува 1950 евра, наведуваат од компанијата.

Ако.мк пишува дека во 2012 година, Турските медиуми известувале за присуството на шефот на Македонската држава на приватна веселба кај странски инвестор во Македонија. Тогаш од кабинетот на Иванов изјавија:

„Претседателот има редовни средби со голем број инвеститори кои работат во државата како странски така и домашни. Тој ќе продолжи да дава максимални заложби за развој на економијата. Како и другите гости на Претседателот му беше чест што беше поканет“.

Но, Иванови не беа само обични гости на свадбата на еден од наследниците на богатството на Ибрахим Џевахир, туку тој беше и кум, пишува порталот АКО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e