Дали фамилијарниот имот со кој располага “независна” кандидатка за Скопје е стекнат на криминален измамнички начин?

“Дали фамилијарниот имот со кој што располага “независната” кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје е стекнат на криминален, измамнички начин”?

Дејствијата на овој текст се случуваат во 1997/98 година кога В.Ј. (татко на кандидатката) бил на моќна позиција во Министерството за внатрешни работи. Имено, станува збор за поранешен началник на службата за недозволена трговија со дрога и оружје кој како поранешен полициски моќник бил во врска со извесна М.С. (родена во Гњилане) која што била сопственичка на хотел и старечки дом во Скопје.

“Медиумите треба малку да прочепкаат за матното минато на В.Ј. татко на “независната” кандидатка за градоначалник на Град Скопје кој што за време за неговото началствување со НТШ 1997/1998 успеа да се стекне со богатство од повисок карактер со полициска плата.
В.Ј. во месец јуни 1997 година прави договор со М.С. како тогашен полициски моќник за превод на нејзиниот имот во случај на смрт, целиот имот со кој таа располага да припадне на В.Ј.
Една недела по склучувањето на овој договор жената умира под неразјаснети околности (со сомнеж на присилна смрт) претходно без никакви здравствени проблеми. По нејзината смрт не се прави ни обдукција ни ништо по што В.Ј. целиот нејзин имот си го префрла на свое име.

Поради тоа што починатата по потекло е до Србија, нејзини блиски дошле во Македонија да видат што се случува со нејзиниот имот, но наишле на закани и сватиле што се случува по што се повлекле од барањето на имотот.

За криминалните дејства на В.Ј. има да се пишува уште многу, но да се спомне треба дека станува збор за близок човек на поранешен директор на Бирото за Јавна безбедност, за кој во полициските кулоари кружи муабет дека заедно успеале да украдат 23 килограми на кокаин кои биле запленети од извесен П.А.

Дополнително треба да се знае исто така дека В.Ј. исто така е близок пријател и со сега избеганиот поранешен премиер, Груевски.

Во меѓувреме додека трае кампањата за вториот круг на локалните избори, В.Ј. ветува на луѓе дека ако успее да стане ќерка му градоначалник на главниот град ќе се наполнеле со пари.”

После цел овој текст се поставува повторно прашањето:

Дали старечкиот дом е дом со карта за еден правец ?

Дали хотелот е дувло на “валкани” полицајци за ноќни потреби ?

Дали фамилијарниот имотот со кој располага “независна” кандидатка за Скопје е стекнат на криминален измамнички начин?

Извор: Револуционер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e